Календар за електронски натпревари
Резултати од категорија Кариерно портфолио во рамки на Електронските натпревари
Со задоволство информираме во категоријата Кариерно портфолио, Првото место го освои ученикот Сотир Собралиев од IV2, ментор Дијана Трајкоска.
Линк до кариерното портфолио
Резултати од категорија Фотографија во рамки на Електронските натпревари
Со задоволство информираме во категоријата Фотографија, Првото место го освои ученикот Сотир Собралиев од IV2, ментор Дијана Трајкоска.
НАТПРЕВАРИ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ОД ОБЛАСТ НА МУЛТИМЕДИЈА
Известување за пријавените ученици за проектот „Европски компетенции“
Почитувани ученици кои аплициравте за проектот „Европски компетенции“ во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ве известуваме дека пријавувањето заврши и Вашите апликации се разгледуваат.
Благодарност од учениците од IV-2
И учениците од IV-2 клас од нашето училиште на креативен начин ја изразија својата благодарност до професорите кои им предавале овие 4 години.
Тие изработија веб страна на која можете да ги погледнете нивните пораки за благодарност со клик на името на професорот.
Наша цел е да ви пренесеме знаење и да бидете успешни. Ни значи што го препознавате тоа, сме допреле до вас.
Ви посакуваме многу среќа на сите!
Повик за учество во проект – Европски компетенции
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште,под координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово, во партнерство со училиштата:СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка, ССОУ Моша Пијаде Тетово, ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово и СУГС Владо Тасевски Скопје, го добивме проектот European competencies – Европски компетенции.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија во Јуни 2021 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CV и мотивационо писмо до следната емаил адреса: mpskontakt@yahoo.com.
Видео за благодарност од учениците од IV-5
Учениците од IV-5 клас од нашето училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ , на креативен начин со емотивно видео ја изразија својата благодарност кон професорите кои им предаваат. Линк до видето на нашиот Youtube канал.
Браво дечки, се гордееме што сте наши ученици!
Рок за ученички стипендии
Почитувани,
Ве известуваме дека рокот за продолжување на ученички стипендии е 30 септември 2020г.
Посетете го линкот од Министерството за образование и наука.
Распоред на часови
Распоред на ученици по класови за I година во учебната 2020/2021 година
Соопштение за почеток на учебната 2020/2021 година
Почитувани ученици и родители,
новата учебна 2020/2021 година со одлука на Владата на Р.С.Македонија со број 18-8098/1, објавена во Службен весник на 27.08.2020година, ќе започне на 01.10.2020 година. За начинот и формата на одвивање на наставата ќе објавиме допонителни информации.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ на третото пријавување за упис во СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН
Почитувани деветтоодделенци кои сеуште не сте запишани во средно училиште, Ве известуваме дека третото пријавување за упис во СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН е во понеделник на 29.06.2020 со почеток во 08.00 часот и ќе трае до 13.00 часот. Не ја пропуштајте можноста да станете дел од нашиот тим. Слободни места има во профилите :
1. Електротехничар за електроника и телекомуникации
2. Електротехничар- Енергетичар
3. Електричар -електромонтер на електроенергетски мрежи (ЕВН паралелка)
Распоред за пријавување по азбучен ред:
08.00-10,00 А,Б,В,Г,Д,Ѓ,Е,Ж,З,Ѕ
10,00-12,00 И,Ј,К,Л,М,Н,Њ,О,П
12,00-13,00 Р,С,Т,Ќ,У,Ф,Х,Ц,Ч,Џ,Ш
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ..
АЗБУЧЕН РЕД за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година во СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје
Почитувани ученици и родители,
Во врска со уписот на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година коj ќе се реализира на 24 јуни 2020 година во период од 07:00 до 16:00 часот и 25 јуни 2020 во период од 07:00-13:00, а со цел да се почитуваат препораките дадени од надлежните институции заради настанатата ситуација со вирусот COVID 19, Ве замолуваме доследно почитување и придржување кон следниот:
АЗБУЧЕН РЕД за упис на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година во СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје.
КОМИСИИ И ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПОПРАВНИ И ВОНРЕДНИ ИСПИТИ – ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА (УЧЕБНА 2019 / 2020 ГОДИНА)
Резултати од прв уписен рок
Почитувани ученици, ова се резултатите од првото пријавување во јунскиот уписен рок по образовни профили. Истите се истакнати и на влезот на училиштето. На примените ученици им честитаме и им посакуваме успешно школување и средношколски денови за паметење!
EЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ЕНЕРГЕТИКА
ЕЛЕКТРИЧАР ЕЛЕКТРОМОНТЕР ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ – ЕВН паралелка
ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР
Ве очекуваме на уписи на 16 и 17.06.2020
Уште едно од промотивните видеа на нашиот youtube канал погледнете овде.
Ве очекуваме на уписи на 16 и 17.06.2020 од 07-19.00h.
Инвестирај во својата иднина – средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“ -Скопје
Новото видео како дел од нашата on-line кампања веќе достапно на нашиот Youtube канал - Инвестирај во својата иднина – средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“ -Скопје
Известување за деветооделенците од другите градови – наши идни ученици
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ (ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИ ),
Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ Ве известува дека за сите ученици кои ќе се запишат во нашето училиште , а се од други градови во Република С.Македонија, ќе бидат обезбедени места за сместување во домот Партеније Зоографски, кој е веднаш до нашето училиште. Децата нема да мора да користат никаков превоз до училиштето. Оддалеченоста на домот од училиштето е 15 метри.
Пријавување на вонредни испити за јунска испитна сесија
Пријавувањето на вонредните испити за јунската испитна сесија за учебната 2019 / 2020година ќе се реализира во училиштето во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020 год., од 08.00 до 12.00 часот. Одговорен за вонредни ученици – Зоран Мицевски.
ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА ЗАПИШИ СЕ ВО ПУПИН
Погледнете го новото видео на нашиот Youtube канал: ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА ЗАПИШИ СЕ ВО ПУПИН !
Проект „Чиста Енергија за Чист Воздух“

Во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“, во организација на Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЗГ ЦеПроСАРД, поддржан од Владата на РСМ, на 14.05.2020 се одржа онлајн Завршен Настан преку ZOOM платформата, на кој присуствуваа ученици од втора и четврта година од нашето училиште.
Ново видео – EVN паралелка
Поглeднете го новото видео на нашиот Youtube канал – EVN паралелка.
Поранешни ученици на СЕТУГС „Михајло Пупин“
Нови видеа на нашиот Youtube канал, во кои поранешни ученици зборуваат за позитивното искуство од СЕТУГС „Михајло Пупин“:
Атанас Шајкаров
Александар Блажевски
Васил Соколчевски
Теодора Спасовска
Александар Стојанов
Јовица Блажевски
Михаил Стоилов
Јована Николоска
Стефан Митров
Филип Симоновски
Кире Арсовски
Известување до сите деветоодделенци
Почитувани деветооделенци, наши идни ученици – средношколци,
ве известуваме дека закажаниот отворен ден во сабота 16.05.2020 поради вонредната состојба нема да се одржи. Сите потребни информации ќе можете да ги најдете на нашата веб страна и нашиот Youtube канал на кој ќе поставуваме видеа и ќе ги споделуваме на веб страната.
Ве очекуваме на уписи!
Видео прошетка низ СЕТУГС „Михајло Пупин“
Погледнете го новото видео на нашиот youtube канал кое ве води на виртуелна прошетка низ нашето училиште.
Гостување во емисијата на влашки јазик
По повод освоеното прво место на МАССУМ за најдобра веб страна и online наставата во СЕТУГС „Михајло Пупин“, проф. Анѓелка Андрески гостува во емисијата на влашки јазик на МРТВ – Scanteau. Погледнете го целото интервју на нашиот youtube канал.
Предавање на тема „Чиста енергија за чист воздух“

На 21.04.2020 во организација на Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој
ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“ ,поддржан од Владата на РСМ, се одржа обука на тема „ Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата“.
Youtube канал на училиштето
Повеќе видеа со изработки на учениците и гостувања во емисии можете да погледнете на нашиот Youtube канал.
СЕТУГС „Михајло Пупин“ -систем за автоматското дезинфицирање на возилата на територија на Гази Баба
Соопштение

СЕТУГС „Михајло Пупин“ изработува заштитни маски против Корона

СЕТУ МИХАЈЛО ПУПИН – Почитувaни во кординација со 3D принт медицинска опрема од денес во погон го ставивме 3Д принтерот во работа за производство на Визири или заштитни маски против вирусот Корона кој ќе ги донираме на медицинските лица.. До крајот на годината ќе направиме напори да обезбедиме уште најмалку еден 3Д принтер за потребите на наставата во училиштето..
# ОСТАНИ ДОМА СПАСИ ЖИВОТ #
ON-LINE НАСТАВА
Почитувани ученици,
поради тековната состојба со прекин на воспитно-образовниот процес, поставуваме нов сервис на веб страната на СЕТУГС „Михајло Пупин“. Имено поставена е страница ON-LINE НАСТАВА , каде по наставни години можете да ги најдете соодветните предмети и да ги преземате лекциите, презентациите , наставните материјали соодветно на вашиот распоред, кои тековно ќе бидат ажурирани. Секако предметните наставници стојат на располагање за консулатции.
Воедно ве замолуваме да се придржувате на препораките од Министерството за здравство и ви посакуваме добро здравје и пријатно учење!
Завршни сметки
Опремување на кабинети
Додела на таблети на учениците
Регионален натпревар по математика
Регионален натпревар по математика во СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје
Сабота 08.02.2020 во СЕТУ на Град Скопје Михајло Пупин ќе се одржи регионален натпревар за средни училишта по предметот Математика. Натпреварот ќе започне во 09.30 минути.
Горди на нашиот ученик
Успешна приказна на нашиот ученик Илија Ристов од III-5 клас.
Приказната за ова дете – гениј од Демир Капија ќе ве инспирира
Противпожарна симулација во СЕТУГС „Михајло Пупин“
СТОП ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Честит патронат СЕТУГС „Михајло Пупин“
СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ Е ПРВОТО УЧИЛИШТЕ ШТО ПРОМОВИРА E – LEARNING

СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ е првото училиште во Р.С.Македонија што промовира E – LEARNING. Сите ученици од образовниот профил Електричар електромонтер за електроенергетски мрежи ќе добијат таблети на кои ќе ги имаат сите наставни програми и учебници, тестови и се што е потребно за напредна настава. Најнова светска технологија. Промовирањето на E- learning го направи Штефан Петер – претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија.
Финалисти на Денови на електротехниката-17.05.2019 12.00h
Училишта чии тимови – финалисти ќе се натпреваруваат на квизот „Тркало на среќата” кој ќе се одржува на 17.05.2019 год. (петок) од 12.00h во рамките на осмата по ред манифестација „Денови на електротехниката” при СЕТУ на ГС „Михајло Пупин” – Скопје се:
Прво место за медиумски производ на конкурсот „Изрази се преку медиумите“
ОТВОРЕН ДЕН ВО СЕТУГС „МИХАЈЛО ПУПИН“ -18.05.2019

ПОЧИТУВАНИ, ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НА ДЕН 18.05.2019 ГОДИНА (САБОТА ) СО ПОЧЕТОК ВО 11.00 ЧАСОТ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ – СРЕДНО ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ МИХАЈЛО ПУПИН“ – СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ОТВОРЕН ДЕН ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. ЦЕЛТА Е ДА СЕ ЗАПОЗНААТ ПОДОБРО СО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ДА ГО ПРОДОЛЖАТ СВОЕТО ШКОЛУВАЊЕ ТОКМУ КАЈ НАС.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!
ИНФОТИН на гости кај МИХАЈЛО ПУПИН
ИНФОТИН на гости кај СЕТУГС „Михајло Пупин“
Повеќе видеа од нашето училиште погледнете на нашиот youtube канал http://bit.ly/mihajlopupin
Покана за Денови на електротехниката
Почитувани,
Средното електротехничко училиште на Град Скопје ” Михајло Пупин ” – Скопје Ве поканува на учество на натпреварот Денови на електротехника, кој по осми пат се одржува во нашето училиште.
Завршни сметки за 2018 година
Меморандум за соработка со „Глобал секјурити“ ДООЕЛ Скопје

Средното електротехничко училиште ,,Михајло Пупин“ – Скопје и компанијата за техничко обезбедување ,,Глобал секјурити“ ДООЕЛ Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел да им овозможат на учениците да учат низ пракса и полесно да најдат работа по матурирањето.
https://www.fakulteti.mk/kako da izbrkate kradec so mirizliv cad
Продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија
Први во категоријата филм
Лидер на струката 2018
Есенска крводарителска акција
Благодарница од Црвен крст на Република Македонија
Првонаградени на општински натпревар
Tрето место на 39 Макинова 2018
Проект CORELA – ERASMUS + 2018-2020 година
Одбележан патрониот ден на училиштето
СОРАБОТКАТА СО ЕВН МАКЕДОНИЈА НА ПОВИСОКО НИВО

И оваа учебна 2018/2019 година продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија. Имено, по успешното стартување на проектот „20-20-20“ за оваа учебна година предвидени се повеќе активности во насока на подобрување на условите за работа на учениците од ЕВН паралектата и стекнување на квалитени и трајни знаења кои ќе бидат применливи на пазарот на трудот.
Посета на Музеј на современа уметност
Соработка со Црвен крст ОО Гази Баба

На 27.09.2018 во просториите на Домот на културата- населба Автокоманда, во оранизација на Црвен крст ОО Гази Баба се одржа мотивациски настан на тема: „Приказна за хероите од мојот град“, со цел да се промовира и подигне јавната свест за значењето на општесвениот активизам, вредностите како и потребите и начините за подобрување на општеството.
Започна новата учебна 2018/2019 година
Благодарници и награди за постигнати високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка

Градоначалникот на Град Скопје, господинот Петре Шилегов им врачи благодарници и награди на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, Никола Индовски и Давид Тираноски за постигнатите високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка, како и благодарници на нивните ментори кои ги подготвуваа – Ивица Шпољариќ и Софија Темкова.
Уште еден успех на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“
Пофалница за нашето училиште
Денови на електротехниката 2018 година
Ученици на обука во средното училиште „Руѓер Бошковиќ“-Винковци, Р Хрватска

Во рамки на програмата за соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје и техничкото училиште „Руѓер Бошковиќ“ од Винковци, Република Хрватска – Мобилност за учење преку пракса, во периодот од 22 до 28.04.2018 година се реализираше обука со наслов: „Програмирање на индустриска роботска рака“ во Техничката школа „Руѓер Бошковиќ“.
Успешен настап на државниот натпревар за средни стручни училишта
Техничката секција успешно одговори на барањата

Во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година Техничката секција, во која членуваат ученици од сите четири години и сите образовни профили, успешно одговори на барањата за одржување на компјутерската опрема во училиштето. Учениците од Техничката секција поправија 130 монитори, 60 mouse-и, 10 тастатури и 30 компјутери.
Обука за ОТО роботи во Школски центар Крањ
Наградени на „Лидер 2017 година“
Интервју за емисијата на влашки јазик
Интервју за реформите во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, EVN паралелката, проектите на училиштето и дел од работата на техничката секција.
Е-настава
Линк до веб страната на еден од нашите наставници по стручни предмети, каде тековно се поставуваат е-содржини за потребите на наставата. Пријатно учење!