Посета на Ниш

7

          На ден 26.12.2012 год. беше реализирана посета на електротехничкото училиште “Мија Станимировиќ” – Ниш  од 24 ученици од III и IV год. од нашето училиште и наставниците Наташа Божиновска, Татјана Маленко и Кирил Крстевски.

Целта на посетата беше:

-          Запознавање со образовниот профил “мултимедија”;

-          Разгледување на техничката опременост на училиштето;

-          Размена на искуства од образовните процеси.

При посетата на училиштето “Мија Станимировиќ” – Ниш, главната цел во потполност беше реализирана. Беше постигнат и договор за натамошна соработка меѓу училиштата. Посетата заврши со слободно време за дружење меѓу учениците од двете училишта.