НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА СРЕДНОШКОЛСКИТЕ ИГРИ

  Во организација на СФЕРА – Здружение на граѓани за подобрување на себеси и другите на ден: 03.10.2015 година во Скопје се одржаа традиционалните средношколски игри. На манифестацијата, од нашето училиште, ученицитe учествуваа во пет категории: креативно пишување, фотографски вештини, квиз –општествени науки, квиз –природни науки и игра-плеј. Ученичката Милена Кукољ од II-3 клас го освои второто место во категоријата квиз на знаење од природни науки, ментор: педагог Ивана Јовевска, а ученикот Методи Лесански  од IV-3 го освои третото место во категоријата фотографски вештини ментор: проф. Елица Лазаревска.

На наградените ученици им честитаме за постигнатиот успех