Обука за ОТО роботи во Школски центар Крањ

IMG_20180115_083723

               Благодарение на успешната соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ и Школскиот центар Крањ, група ученици од втора година  од нашето училиште од 13.01.2018година до 21.01.2018 заминаа на обука за ОТО роботи во Р.Словенија. Групата предводена од професорите Ивица Шпољариќ, Анѓелка Андрески и Петар Вучев се состои од учениците: Иванчов Никола, Ченгиќ Фахрудин, Ристовски Дејан, Спасовска Анастасија, Стојковиќ Христијан, Самандов Никола, Блажевски Кристијан, Мелник Никола, Тодоровски Дамјан, Атанасов Никола, Достинов Антонио, Јовановски Димитар. Обуката се состоеше од работа на CodeBug,  програмирање и поврзување на Arduino со серво мотори, сензори, лед диоди, 3D Design Solidworks  и поврзување на Оtto роботи. Покрај обуката учениците се запознаа и со знаменитостите на Р.Словенија, имено домаќините организираа посета на Блед, Љубљана, Брдо кај Крањ, како и спортски активности во кои беа вклучени и ученици од Школскиот центар Крањ.

Како учениците ја видоа обуката во Р.Словенија