Проект „Предизвик за младите истражувачи“

1

         На ден: 25.01.2018 година, во просториите на нашето училиште, претставници од Фондот за иновации и технолошки развој одржаа куса презентација на наставници од основните и средните училишта од Република Македонија. На презентацијата, учесниците имаа можност да се запознаат  со  условите за учество во  проектот „Предизвик за младите истражувачи“.
Имено, водени од идејата за поддршка и развој на креативниот и иновативниот потенцијал кај младите луѓе, Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука упати јавен апел и поддршка до сите училишта за аплицирање и креирање на истражувачки проекти (тимови составени од 3 до 7 ученици и најмногу 2 наставници) од областа на природните и техничките науки. На најуспешните учесници организаторите им доделуваат парични награди.