Техничката секција успешно одговори на барањата

IMG_20171108_120242

       Во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година Техничката секција, во која членуваат ученици од сите четири години и сите образовни профили, успешно одговори на барањата за одржување на компјутерската опрема во училиштето. Учениците од Техничката секција поправија 130 монитори, 60 mouse-и, 10 тастатури и 30 компјутери.Исто така учениците ги извршија следните активности: повеќекратно наоѓање и отстранување на грешки и дефекти во компјутерската мрежа во училиштето и интернетот; вмрежени 23 кабинети во училиштето со интернет; уреден магацинот со компјутерска опрема; уредувана и редовно ажурирана веб страната на училиштето; подготвени 6 Arduino проекти и презентирани на Македонско радио и МТВ , како дел од промоцијата на училиштето; подготвени и презентирани вежби од KNX, PLC, Lego, PID, пневматика на МТВ; подготвени вежби  во кабинет по Електротехника и нивно презентирање пред министерката за образование; освоено II место на Лидер на струка; уредувана и редовно ажурирана веб страна www.programiranjeiavtomatika.wordpress.com.

Одговорен наставник за Техничка секција – Анѓелка Андрески.