Продолжува соработката со компанијата ЕВН Македонија

IMG_20190129_114017

   На ден: 29.01.2019 година во дворот на нашето училиште беше поставен камен-темелник на полигонот за тренинг на учениците од образовниот профил електричар-елетромонтер на електроенергетски мрежи. На свечениот настан пригодни говори одржаа претседателот на упавниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер, градоначалникот на Град Скопје г-дин Петре Шилегов, министерот за образование и наука г-дин Арбер Адеми и директорот на училиштето г-дин Димитар Ѓорѓиев. Во своите говори тие ја истакнаа важноста на овој проект преку кој всушност започнува примената на концептот на дуално образование во средните стручни училишта. Овој концепт овозможува поактивно вклучување на компаниите во образовниот процес кои во соработка со Град Скопје, Министерството за образование наука и средните стручни училишта имаат можност да придонесат во креирањето на стручен и компетентен кадар кој ќе може да одговори на потребите пазарот на трудот.

Линкови поврзани со настанот:
евн-македонија-инвестира-во-образованието
evn-poligon-za-trening-na-mladi-elektro-monteri-i-elektro-tehnichari
plusinfo.mk
vo-setu-mihajlo-pupin-pochna-izgradbata-na-poligonot-za-trening-na-elektro-monteri-i-elektro-tehnichari
makfax.com.mk/makedonija
emagazin.mk/evn-poligon-za-trening-na-mladi-elektro-monteri-i-elektro-tehnichari/
Видео запис
https://www.youtube.com/watch?v=7gBm7I2GhvI