Зимскиот распуст продолжува уште два дена

   Согласно препораките  на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух второто полугодие на учебната 2018/2019 година, во сите основни и средни училишта во Република Македонија  се одлага два дена. Во функција на заштита на здравјето на децата второто полугодие во основните и средните училишта ќе отпочне од среда 23.01.2019 година.
- соопштение од Министерство за образование и наука