ОБУКА НА НАСТАВНИЦИТЕ ОД СЕТУГС “МИХАЈЛО ПУПИН”

obuka2

Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност

Обуката „ Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност“ е организирана од Бирото за развој на образованието во соработка со провајдерот „Витарж“. Обучувач за училиштетот СЕТУГС „ Михајо Пупин“ – Скопје беше м-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

Обуката беше реализирана во два дена и траеше 5 часа. Наменета беше за обучување на наставници од средните училишта, кои ќе ги пренесат знаењата и вештините преку примена на современите методи и активното вклучување на учениците и поттикнување на нивните креативни способности. Исто така наставниците беа обучени за примена на нов истражувачки метод во наставата во согласност со реформите кои ги наметнува современата настава за поширока примена на ИКТ во образованието.