Нови ,,жители” во лабораторијата за автоматика и роботика

Emoro - edukativen mobilen robot

На ден: 06.02.2015 година во училишната лабораторија се одржа промоција на  новите роботи ,, ЕМОRO – едукативен мобилен робот”.  

    Со употребата на едукативниот мобилен робот (ЕМОRО) учениците од профилите електороника и телекомуникации како и компјутерска техника и автоматика имаат можност теоретски, но пред се, практично да се запознаат со современите иновации на полето на програмирањето и роботиката. Нивната примена значи стекнување нови вештини и знаења во доменот на конструирњето и програмирањето.    

       Во училишната лабораторијата за автоматика и роботика  практични знаења стекуваат учениците од II, III и IV година. Носители на активностите  се ученици од техничката секција. Тие се поделени во две работни групи (првата група ја сочинуваат ученици од I и II година, а втората работна група ја сочинуваат ученици од III и IV година).      

    Нашата цел е преку користење на современата образовна технологија да креираме и оспособиме кадри способни да одговорат на современите професионални предизвици, како и на  реалните потреби на пазарот  на трудот.