ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ – Програма ERASMUS +

erasmus+-180x72

Наставниците од нашето училиште, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и партнерот ,,Школски центар”-Крањ, Република Словенија и оваа година активно се вклучија во реализацијата на проектот ,,ERASMUS +”. Со примената на клучнaта акција 1: Мобилност за учење на индивидуи, учесниците имаа можност да ги подобрат своите вештини  како и  да ја зголемат својата стручност и компетентност. 

Во рамките на овој проект, наставниците Василко Радевски, Тимко Стојанов, Татјана Маленко, Лидија Буровска, Наташа Божиновска, Даниела Сандева и Аѓелка Андрески во периодот од: 09.01.2016 – 16.01.2016 година учествуваа на седумдневна обука на тема „Интелигентни инсталации“ во ,,Школски центар”- Крањ, Република Словенија.

Во рамките на обуката беше реализирана посета на фирми и институции каде се применети интелигентни инсталации:

Ø Искра контактори;

Ø INEA RBT (официјален партнер на MITSUBISHI ELECTRIC) – опрема за автоматика;

Ø SWARKO – опрема за сообраќајни знаци и информации изведена со лед технологија.

Запознавањето со националните и културните богатсва на Република Словенија беше реализирано со посета на:

 

Ø Постоинска јама;

Ø Пирански залив – Порторош и Пиран;

Ø Скокалници на Планица;

Ø Крањска Гора;

Ø Бледско Езеро;

Ø Комплекс „Брдо“;

Ø Љубљанска тврдина и

Ø Знаменитости на градот Крањ.