Доделени дипломи на ученици и ментори во рамки на проектот “Лидер на струка”

image-0-02-05-5ed08adf78bed9e41de1ed5a529fe1c345a0b19ba309ff514264e20a804f6121-V

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу и директорот на Центарот за стручно образование и обука, Ајше Селмани на 14.02.2017 година им ги доделија дипломите на менторите и на учениците кои што постигнаа најдобри резултати на натпреварите за избор на најдобар ученик во струката, во рамките на проектот „Лидер на струка“ .

Лидер на електротехничката струка за 2016 година е нашиот ученик Дамјан Хаџибанов од IV-2 клас под менторство на професорите Поликсена Митева и Даниела Сандева.