Општински натпревар по физика

На ден 18.02.2017 година, во нашето училиште се одржа општинскиот натпревар по физика. На овој натпревар се натпреваруваа ученици од I и II година од  училиштата СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“ и  СУГС „ Панче Арсовски“ .

Во прва година учествуваа учениците:

Никола Иванчов СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Христијан Стојковиќ СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Фахрудин Ченгиќ СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Дејан Ристовски СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Александар Гигов СУГС Гимназија „Панче Арсовски“
Благица Николовска СУГС Гимназија „Панче Арсовски“

Во втора година учествуваа учениците:

Никола Индовски СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Александар Рајковчевски СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Анѓела Наумовска СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“
Ана Марија Димитрова СУГС Гимназија ,,Панче Арсовски”
Јелица Спасова СУГС Гимназија ,,Панче Арсовски”
Мартин Весков СУГС Гимназија ,,Панче Арсовски”

 

Учениците на натпреварот покажаа голем натпреварувачки дух и желба за проучување на физиката, а по објавувањето на конечните резултати од страна на Друштвото на физичари на РМ,  најдобрите ќе имаат можност да  ја представуваат општината Гази Баба на регионалниот натпревар по физика.