Општински натпревар по математика

На ден 28.01.2017 година во просториите на СЕТУ ГС “Михајло Пупин – Скопје ” се одржа Општинскиот натпревар по математика за ученици од средно образование од општина Гази Баба. На натпреварот учествуваа вкупно 15 ученици од 3 училишта и тоа:

-          СЕТУ „Михајло Пупин” – Скопје

-          АСУЦ „Боро Петрушевски” – Скопје

-          СУГС „8-ми Септември” – Скопје

            По завршувањето на натпреварот,  комисијата за прегледување задачи составена од професорите по математика од СЕТУ на ГС „Михајло Пупин“  , проф. Оливера Бојковска, проф. Горан Михајлоски, проф. Гордана Дамјаноска и проф. Александар Бујуковски, ги објави резултатите од натпреварот според кои беа пофалени учениците:

  1. Фахрудин Ченгиќ  (I-2 година) – СЕТУ „Михајло Пупин”
  2. Андреј Трајковски (III-3 година) – СЕТУ „Михајло Пупин”
  1. Кире Петковски  (III-3 година) – СЕТУ „Михајло Пупин”
  2. Леонардо Куневски   (III-3 година) – СЕТУ „Михајло Пупин”
  3. Милена Кукољ   (III-3 година) – СЕТУ „Михајло Пупин”

            Пофалените учесници ги исполнуваат условите за учество на Регионалниот натпревар по математика којшто ќе се одржи на 18.02.2017 година.