Помеѓу победниците на Ultimaker натпреварот

ultimte decki

Учениците Матеја Вељковиќ, Андреј Трајковски, Петар Георгиевски од III–3 клас под менторство на професорката Даниела Сандева на Ultimaker натпреварот  се претставија со проектот „DRINK MIXER 9001“, полуавтоматизиран процес за мешање на два пијалаци и како победници на натпреварот од страна на организаторот на нашето училиште му беше доделено  Ultimaker 2+ 3Д-печатар.

        „Оваа награда ќе ја модернизира наставата (ќе може да се изработуваат нагледни средства, разни предмети, ќе се работи со новитети кои за жал во јавните училишта не се достапни) и воедно ќе ги инспирира учениците за понатамошни успеси. Сигурна сум дека и самите ученици ќе дадат нови идеи за користење.“, вели професор Даниела Сандева.

     На Ultimaker-овиот предизвик беа пријавени  250  проекти од факултети и училишта од цела Европа, а од регионот (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија) учествуваа 35 градови , 84 училишта и факултети со 61 проект. Победниците од страна на меѓународно жири. беа прогласени на саемот – „BETT 2017” (саем за примена на иновативни технологии во наставата).