Продолжува соработката со Школски центар – Крањ

image-0-02-05-49

           Нашето училиште СЕТУ „Михајло Пупин“- Скопје и овaа учебна 2016-2017 година ја продолжува повеќегодишната успешна соработка со Школски центар – Крањ,   Р. Словенија.

Имено, во периодот од: 21.01.2017 до: 29.01.2017 година група од 14 ученици: Златко Ристовски, Сретен Јевтиќ, Бојан Симиќ од II-2 клас, Ангела Наумовска, Александар Рајковчевски, Метин Ферати од II-3 клас, Андреј Трајанов, Билјана Кукољ, Драган Калеовски, Никола Индовски, Никола Симонов, Благоја Стевановски, Филип Запров, Сергеј Јаковљев од II-4 клас и 2 професори-ментори: Поликсена Митева и  Анѓелка Андрески беа на практична обука за развојните плочи Arduino во ,,Школски центар – Крањ”.

        Еднонеделната обука беше составена од седумчасовна теоретско-практична настава во училиштето, а професорите-обучувачи  Андреј Арх  и  Јака Албрехт практично ги запознаa учениците со начинот на поврзување и функционирање на елементите на развојните плочи Arduino модел UNO и Arduino модел MEGA 2560, како и начинот на програмирање на истите.

       Покрај обуката во слободното време беа организирани повеќе екскурзии со посета на градовите Блед, Љубљана, Крањ и комплексот Брдо. Учениците имаа можност да се запознаат со културно-историските како и со природните знаменитости на Република Словенија.