РЕАЛИЗИРАН И ВТОРИОТ ДЕЛ ОД АЦЕС – ПРОЕКТОТ

АЦЕС Вараждин – Хрватска, Февруари 2014 година

                 Од 11 до 14 февруари, седум наши ученици имаа можност да учествуваат во реализацијата на вториот дел од  меѓусебната соработка  со Средното електромашинско училиште од Вараждин,Република Хрватска. Оваа соработка беше предвидена во рамките на заедничкото, партнерско учество во АЦЕС – проектот на тема „Откриј ги разликите во себе и околу себе “ .

По посетата на учениците од Вараждин, во месец  ноември, кога ние бевме домаќини, сега  имавме можност предвидениот дел од активностите да ги завршиме во Вараждин. Учениците од двете училишта работеа на средување на материјалот за финалниот производ кој треба да биде во форма на документарен филм. Училиштето на домаќините со своите технички можности, беше дел од нашата работна атмосфера. Дека техниката е предизвик на младите покажаа нашите ученици кои имаа можност активно да учествуваат во креирањето на метеријалот. Финалната верзија на филмот ќе биде дел од презентацијата во Сенец, на последниот дел од овогодинешноит АЦЕС – проект.

Она што ќе остане по завршувањето на овој проект е секако пријателството меѓу учениците кои  ги надминаа бариерите на јазикот и на различните култури низ работа и дружење.

Дел од на атмосферата во Вараждин  проследете низ галеријата на слики.