УЧЕНИЦИ И ПРОФЕСОРИ ОД ,,ШКОЛСКИ ЦЕНТАР-КРАЊ” ВО ПОСЕТА НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Во рамките на проектот ERASMUS  – ,,New methods and technologies for new skills for jobs во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во периодот од: 14.02.2016 до 27.02.2016 година нашето училиште го посетија 6 ученици и 2 професори од  ,,Школски центар”-Крањ, Република Словенија.

На 15.02.2016 година во просториите на нашето училиште беше организиран прием за гостите од Словенија. Учениците и професорите имаа можност да се запознаат со историјатот на училиштето како и со просторно-материјалните услови кои ги нуди училиштето за реализација на задачите предвидени со проектот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Според предвидениот план и програма учениците во престојните денови успешно ги реализирaа проектните задачи:

-          Контрола на влез со дојава

-          Изведување и проектирање на интелигентна инсталација во лабораторијата за електрични инсталации и осветлување



 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Учениците од Словенија ги презентираа можностите и условите за учење и стекнување на знаења и вештини  во  ,,Школски центар”-Крањ, Република Словенија

Покрај успешно реализираните цели и задачи за учесниците во проектот беа организирани повеќе спортски активности како и посета на позначајни културни знеменитости

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На учесниците, учениците: Тим Крампл, Тилен Ваљавец, Андраж Јанежич, Кристјан Јанежич, Томаж Чарман, Стивен Рахман, менторите: проф. Александра Фрелих, проф. Алеш Брегар (,,Школски центар”-Крањ ) и учениците: Теодор Ангеловски III-2, Методи Лесански, IV-3, Милан Обреновиќ IV-3, Оливер Бојковски IV-3, Стефан Спасовски IV-3, Марио Вељанов  IV-6, менторите: проф. Ивица Шпољариќ, проф. Тимко Стојанов, проф. Драги Златевски (СЕТУ,,Михајло Пупин”-Скопје)  им благодариме за учеството и придонесот во реализацијата на проектот.