Ученици од „Школски центар – Крањ“ во посета на нашето училиште

DSC00807

Во периодот од: 27.02.2017 до 10.03.2017  нашето училиште е домаќин на група од 8 ученици и 2 професори од „Школски центар – Крањ“, Р Словенија. Со оваа работна посета започнува реализацијата на втората фаза од проектот за оваа учебна година (првата фаза беше реализирана во периодот од: 21.01.2017 до: 29.01.2017 година, кога група од 14 ученици и 2 професори во ,,Школски центар – Крањ” беа на практична обука на тема: програмирање на развојни плочи Arduino ) при што учениците во престојниот период во нашето училиште ќе ги реализираат проектите: дигитален мерач на време и обновливи извори на енргија – ветерница.

 Покрај двонеделните ангажмани за учесниците во проектите предвидени се неколку спортски активности како и посета на позначајни историско-културолошки знаменитости .