Продолжува соработката со компании од бизнис секторот

1

     Во просториите на нашето училиште на ден: 20.03.2018 година се одржа состанок со одговорните лица на неколку домашни компании. Претставниците имаа можност да се запознаат со материјално-техничките услови во кои учениците ги стекнуваат своите вештини и знаења . Воедно компаниите изразија желба за продлабочување на соработката и преку конкретни активности да се овозможи креирање на квалитетни и стручни кадри кои во иднина ќе можат да одговорат на потербите на бизнис секторот.