Традиционална еколошка акција – собирање на стара хартија

8

   И оваа учебна 2017 / 2018 година традиционално првиот пролетен ден 21.03.3018 година беше симболично одбележан  со реализација  на еколошка акција за собирање на стара хартија. Во акцијата се вклучија ученици од сите години, давајќи свој личен придонес  во подигнувањето на свеста и потребата за секојдневна заштита на  животната средина. Најдобар доказ за високото ниво на еколошка свест кај учениците е големото количество на  соберена стара хартија  3283 кг односно 6,3 кг по ученик.

       Почитувајќи го вложениот труд, тимската работа и покажаната еколошка одговорност, класовите со најдобар просечен резултат (II-1 42,45 кг по ученик и I-4 клас 677.6 кг по вкупна тежина), училиштето и оваа година ќе ги  награди со еднодневна еколошко-едукативна екскурзија. Со оваа еднодневна екскурзија учениците ќе имаат можност да ја посетат помен куќата на семејството на Михајло Пупин во Вевчани и посета на позначајните знаменитости на градот Охрид.