Соопштение

image0
Почитувани колеги,
Според насоките за постапување од МОН, бр. 08-4147/1 од 25.03.2020 год., кои ќе се применуваат за времетраење на вонредната состојба со Корона вирусот, настaвата ќе се реализира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација. Средствата за електронска комуникација може да бидат видеоконференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци. Продолжете со поставување на Ваши презентации, прашања, задачи, вежби, квизови и друг и форми на едукација на учениците, на веб страната на училиштето, како и користење на бесплатните едукативни алатки одобрени/предложени од страна на Владата: Microsoft Teams, Google Classroom, Goodle Drive, Edmondo. Врз основа на реализираните активности да се изведат оценки за постигањата на учениците во овие тешки услови.