ON-LINE НАСТАВА

Почитувани ученици,
поради тековната состојба со прекин на воспитно-образовниот процес, поставуваме нов сервис на веб страната на СЕТУГС „Михајло Пупин“. Имено поставена е страница ON-LINE НАСТАВА , каде по наставни години можете да ги најдете соодветните предмети и да ги преземате лекциите, презентациите , наставните материјали соодветно на вашиот распоред, кои тековно ќе бидат ажурирани. Секако предметните наставници стојат на располагање за консулатции.
Воедно ве замолуваме да се придржувате на препораките од Министерството за здравство и ви посакуваме добро здравје и пријатно учење!