Образовно Рандеву 2015, Велес

Filip Simonovski-pobednicka

На 17 и 18.04.2015та во Велес се одржа десеттото по ред Образовно Рандеву во организација на МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта на Македонија) и СОУ Димитрија Чуповски од Велес.  Настанот традиционално е потпомогнат од USAID.

Свеченото отворање на настанот беше на 17.04. во 12.00 часот, на кое покрај организаторите, се обратија и директорот на USAID и Министерот за образование и наука.

Натпреварите во склоп на Образовното Рандеву започнаа од 13.00 часот. Од нашето училиште присуствуваа и учествуваа 25 ученици во повеќе категории – Интервју за работа (англиски јазик), Јавно говорење, Маркетинг план (македонски и албански јазик), Фотографија, Видео реклама, Поетска творба, Бенд и спортски натпревари – серва, баскет, пинг-понг.

Од Велес се вративме и со освоени места:

Фотографија – Филип Симоновски I место

Интервју за работа (англиски јазик) – Љуан Љута III место

Маркетинг план (албански јазик) – Бехар Исљами, Љуан Љута и Бесник Нуредини III место