Освоено прво место на 51-от Државен натпревар на младите истражувачи

Untitled

На 51-от Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија кој се одржа на 25.04.2015 год. во Неготино а во организација на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија – Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи – Наука на младите, ученикот Александар Соколчевски од II-2 освои прво место во презентација на труд од областа на електроника „Оптичка реклама со бескраен лед тунел“ под менторство на професор Наташа Божиновска.