Првиот пролетен ден симболично дочекан со еколошка акција

По повод ,,Денот на eкологијата” , на ден: 21.03.2017 година во училишниот двор се реализира еколошката акција – „собирање на стара хартија. И оваа учебна година во акцијата активно се вклучија вработените и учениците од сите години кои покажаа висока еколошка свест и колективна одговорност кон животната средина.  

За најуспешните (I-1 13.67 кг по ученик и I-6 клас 10.79 кг по ученик) традиционално, училиштето ќе организира еднодневна еколошко-едукативна екскурзија со посета на Вевчани и Охрид.