Резултати од натпреварите по специфични вештини за учебната 2016 / 2017 год.

Традиционално трета година по ред на: 07.04.2017 година во просториите на нашето училиште се одржаа натпревари по специфични вештини: решавање на Судоку и местење на Рубикова коцка. На натпреварите, покрај учениците од нашето училиште, учествуваа и ученици од основните училишта на Град Скопје. На натпреварите најдобри резултати постигнаа:
- Решавање на Судоку:
Дејан Ристовски I – 4 (СЕТУ„Михајло Пупин“),
Дарко Михајлов (ОУ„Наум Наумовски – Борче“),
Петар Младеновски (ОУ„Наум Наумовски – Борче“)
- Местење на Рубикова коцка:
Борјан Тодоровски (ОУ„Димитар Македонски“) – 1 минута и 11 секунди
Андреј Трајанов II – 4 (СЕТУ„Михајло Пупин“) – 1 минута и 30 секунди
Андреј Георгиевски II – 6 (СЕТУ„Михајло Пупин“) – 2 минути
На натпреварувачите им благодариме за учеството и за постигнатите резултати