Заврши втората фаза од проектот „Енергетскa ефикаснот” со средните електреотехнички училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска

IMAG0522

           По успешната реализација на првата фаза во која група од 5 ученици и 2 професори-ментори од нашето училиште учествуваа во  еднонеделна обука во средното училиште „Михајло Пупин“ – Нови Сад, во периодот од  27.03.2017 година до 31.03.2017 во нашето училиште се реализираше втората фаза од проектот „Енергетскa ефикаснот”.

        Имено учениците: Бајановиќ Дарко, Беркловиќ Илија, Путник Срѓан, Стојков Светозар и професорите-ментори: Карабата Милосавиќ Милица, Скоко Саша („Михајло Пупин“ – Нови Сад) како и учениците: Стјепановиќ Роберто, Павиќ Доминик, Божиќ Борна, Турчин Домагој и професорот-ментор: Беловиќ Јожеф („Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска)  го посетија нашето училиште  учествуваа на  теоретска настава и практична  обука на тема: енергетска ефикасност. Со цел да се запознаат со материјалите кои се користат за подобрување на енергатската ефикасност на објектите, со помош  на хуманитарната организација Хабитат Македонија во Кавадарци учениците волонтерски учествуваа во подготовка и монтажа  на надворешна термичка изолација на станбен објект. За учесниците во проектот беа организирани едукативни екскурзии со постета на ХЕЦ „Матка“, домот-музеј на Михајло Пупин во Вевчани, како и запознавање со позначајните културно-историски знаменитости на градовите Скопје и Охрид.

         Во престојниот период предвидена е реализација на последната етапа од проектот со посета на електреотехничкото училиште „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска.