ЗЕЛЕН ГРАД

ЗЕЛЕН ГРАД НЕШТО ЗА ШТО СОНУВАМ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ. ШИРОКИ ШЕТАЛИШТА, ЖУБОР НА ВОДА ВО РЕКИТЕ КОИ ПРОТЕКУВААТ НИЗ НЕГО, СИНО НЕБО НИЗ КОЕ СЕ ПРЕКРШУВА СПЕКТАРОТ НА СОНЧЕВИТЕ  ЗРАЦИ, ВИНОЖИТО КОЕ ГО ПРЕПОЛОВУВА НЕБОТО ПО ЛЕТНИОТ ДОЖД. СЕНКИ ОД КРОШНИТЕ НА ДРВЈАТА ПОД КОИ ВО МИГОВИ НА ОДМОР  ТИШИНАТА ЌЕ ЈА  НАРУШУВААТ  ЗВУЦИ НА ПТИЦИ. ДЕТСКИ ЏАГОР ДОДЕКА ИГРААТ  НА ТРЕВНИЦИТЕ ПРЕД СВОИТЕ ДОМОВИ.

             НАМЕСТО СЕТО ОВА ДА СИ ЖИТЕЛ НА ГРАД , БИЛО КАДЕ НА ЗЕМЈИНАТА ПЛАНЕТА ВО 21-ОТ ВЕК  Е  САМО  ПРИВИЛЕГИЈА  КОЈА ТИ ДАВА МОЖНОСТ ДА ГИ УЖИВАШ СИТЕ БЛАГОДЕТИ НА ЧОВЕКОВИТЕ ДОСТИГНУВАЊА. БРЗИ И ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ, ДОМУВАЊЕ ВО ВИСОКОКАТНИЦИ  ИСПОЛНЕТИ СО ЛУКСУЗ, РАБОТА ВО НЕПОСРЕДНА ОКОЛИНА ВО ФАБРИКИ  КОИ  ГИ ЗАДОВОЛУВААТ  СИТЕ ТИЕ ПОТРЕБИ. ВО ТАА БЕЗУМНА ТРКА ДА ГИ ЗАДОВОЛИ СВОИТЕ ПОТРЕБИ ЧОВЕКОТ УСПЕА ДА СЕ ОДДАЛЕЧИ ОД ПРИРОДАТА ЧИИ ДЕЛ Е. СЕ СЛЕА СО АСФАЛТОТ , ИМ ГО ОДЗЕМА НЕБОТО НА ПТИЦИТЕ, ИМ ЈА ЗАМАТИ ВОДАТА НА РИБИТЕ , ИМ ГИ  УНИШТИ ЖИВЕАЛИШТАТА НА ЖИВОТНИТЕ. НАМЕСТО ВОЗДУХ ДИШЕME  СМОГ, НАМЕСТО СОНЦЕ ГЛЕДАМЕ  ЧАД, НАМЕСТО ПРИРОДНИ УБАВИНИ СЕ ЗГРОЗУВАМЕ НАД СОГОЛЕНИ ПЛАНИНИ, МРТВИ РЕКИ.

           ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ  ДА ГО ИЗГУБИМЕ ЗДИВОТ ВО ТРКА ПО ПРОФИТ.  ДА ГО ИЗГУБИМЕ ЗДИВОТ ОД ВОСХИТ НА ЧИСТ ЗДРАВ И СРЕЌЕН ГРАД, СРЕЌНА ПЛАНЕТА.