Креирање на нови наставни планови и програми за II година

IMG-c6926faf687718f6d43fbdaa3ce34e58-V

    На ден: 18.04.2018 работни групи од нашето училиште, компанијата ЕВН Македонија и ЦСОО (Центарот за стручно образование и обука) одржаа состанок на тема: креирање на нови наставни планови и програми за II година (образовен профил електричар-електромонтер на електроенергетски мрежи).

На состанокот беа разменети искуства, како и конкретни идеи кои ќе придонесат за оформување на квалитени наставни планови и програми базирани на реалните потреби на бизнис секторот, односно создавање на кадри со вештини и знаења кои ќе бидат применливи на пазарот на трудот.