Meѓу наградените на Образовното рандеву 2018

10

   На овогодинешната манифестација МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија) која се одржа на ден 20.04.2018 година во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје нашето училиште учествуваше во неколку категории и тоа: веб страница, видео реклама, штанд, маркетинг план, соло извeдувач, видео реклама, филм, фотографија, поетска творба, кошарка.

Меѓу најуспешните се истакнаа учениците Метин Ферати, Мираџ Салиу III-3, Садик Муареми, Фелек Рушити IV-4 клас кои во категоријата маркетинг план (на албански јазик) под менторство на професорката Суза Блажевска го освоија првото место, како и учениците  Дамјан Тодоровски II-1, Фахрудин Ченгиќ II-2, Анастасија Спасовска II-4, Билјана Кукољ, Филип Запров, Никола Индовски  III-4, Мики Георгиев и Владо Добарџиев IV-2 клас во категоријата штанд под менторство на професорката Анѓелка Андрески го освоија првото место. На учениците им честитаме за постигнатите резултати.