Предавање на тема „Чиста енергија за чист воздух“

1

На 21.04.2020 во организација на Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој
ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“ ,поддржан од Владата на РСМ, се одржа обука на тема „ Намалување на аерозагадувањето со намалување на енергијата во домаќинствата“.
На обуката, која се реализираше преку платформата ZOOM за on line следење, присуствуваа ученици од втора и четврта година од нашето училиште. На учесниците им беа презентирани различни видови системи за греење, ладење, вентилација, климатизација (HVAC). Учениците се запознаа со можности за подобрување на енергетската ефикасност преку воведување на системи за мерење, регулација и автоматика, како и практични примери на користење на енергетски ефикасни светилки.