Нашето училиште со прво и второ место на национален натпревар

Во рамките на Конкурсот Млади репортери за животна средина , филмот Приказна на 21 – от век , го освои првото место, a „ Биди свој “ второто.
Како дел од активностите на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која се спроведува во сите средни училишта на конкурсот на кој по втор пат учествуваме, по втор пат и победуваме.
Приказна на 21 – от век го изработија учениците од втора година: Ангел Давковски, Стојан Ѓоревски и Стефан Тодоровски, под менторство на професор Мирјана Недевска.
Во конкуренција од 38 средни училишта оваа „ приказна “ победи на националниот конкурс. Особено радува фактот што овој филм ќе биде испратен и на интернационалниот натпревар од кампањата, каде ќе се натпеварува со учесници од 25 земји. Прво наградените учесници на национално ниво, од кампањата Помалку отпад, ќе имаат можност да учествуваат и на интернационалната работилница на кој ќе учествуваат сите ученици од интернационалниот натпревар, ќе добијат награди кои ќе можат да ги искористат во нивните понатамошни истражувања (фотоапарат, камера и друго) како и национални сертификати. Им честитаме на победниците и импосакуваме успех на интернационалниот натпревар.
Погледнете ја еко – приказната на линкот