Повторно меѓу најдобрите

На XXXV државeн натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Република Македонија, одржан на 06.05.2016 година во Струмица, учениците од нашето училиште имаа уште еден успешен настап освојувајќи:

 

  1. Дамјан Хаџибанов III-2 (образовен профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика)  под менторство на професорите: Даниела Сандева, Татјана Маленко и Билјана Пејовска го освои првото место
  2. Димитар Трајковски III-1 (образовен профил: електротехничар за електроника и телекомуникации) под менторство на професорите: Невенка Смилевска, Татјана Маленко и Софија Темкова го освои третото место
  3. Раиф Оручоски III-5 (образовен профил: електротехничар енергетичар)  под менторство на професорите: Зоран Угуровски, Суза Блажевска и Лидија Буровска го освои третото место

Ученикот Александар Соколчевски III-2  под менторство на професорите: Наташа Божиновска и Даниела Сандева со трудот: „Оптички индикатор на звучен сигнал со ву метар со предпрецизен насочувач и бескраен лед тунел “ го освои третото место

 

На учениците им честитаме за постигнатиот успех