Успешен настап на 52-риот Државен натпревар на младите истражувачи од РМ

Учениците од нашето училиште и овaa учебна година учествуваа на 52-риот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија кој се одржа на 23.04.2016 год. во Скопје, во организација на Народна техника и Сојузот на здруженијата на младите истражувачи на Македонија – ,,Науката на младите’’. Натпреварувајќи се во повеќе области учениците освоија:

 

1. Андреј Трајанов под менторство на проф. Наташа Божиновска, во областа Роботика и автоматика, со темата Роботска рака го освои Второто место.

2. Раиф Оручоски под менторство на проф. Наташа Божиновска, во областа Обновливи извори на енергија, со темата Кокошкино ѓубриво како биомаса го освои Третото место.

3. Кире Ралповски под менторство на проф. Миланчо Иванов, во областа Модерна физика, со темата Магнетизам го освои Третото место.