Успешно реализирана обука во ,,Школски центар-Крањ” Р. Словенија

c8b35d_e7ac0b3c5c5e42a8a3a6bdab1f236b09

Во периодот од: 02.04.2016-18.04.2016 година група од 15 ученици од III година и 2 професори-менори, во рамките на проектот ЕRASMUS + ,, New methods and technologies for new skills for jobs”, беа на практична обука во ,,Школски центар-Крањ” Р. Словенија.

Двонеделната обука беше составена од два дела и тоа: теоретско-практична настава во училиштето и едукативни екскурзии со посета на локални компании.

Првата работна недела (04.04.2016-08.04.2016 год.) учениците имаа седумчасовна практична обука во училиштето. Професорот Жига Лаусегер ги информираше учениците за основните карактеристики на оперативниот систем Arch Linux преку креирање и конкретна работа со прогарамата LPC4088 Quickstart board, а додека професорот Јака Албрехт практично ги запозна учениците со начинот на поврзување и функционирање на елементите на развојната плоча Arduino модел UNO.

Втората работна недела (11.04.2016-15.04.2016 год.) беше поделена на два дела. Претпладневниот дел беше наменет за посета на локални компании од областа на енергетиката, електрониката и информатиката, а попладневните часови (во просториите на училиштето) беа наменети за практична работа со: 3D принтер, пневматски ножици, CMS и IV програмирање. Учениците имаа можност да ги посетат фирмите: Iskratel ,VPK, Swarco, Helios, Flycom, Оro и hidroelektrana ,,Moste”.

Покрај обуката за време на викендите, од страна на главниот координатор Наташа Кристан Примшар, беа организирани повеќе екскурзии со посета на: Шкоцјански пештери, приморските градови  Порторож, Пиран, градовите Радовљица, Блед, Љубљана и планинскиот предел Крањска гора. Учениците имаа можност да се запознаат со културно-историските како и со природните знаменитости на Република Словенија.