Успешно заврши проектот со средните стручни училишта „Михајло Пупин“ – Нови Сад, Р Србија и „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Р Хрватска

IMG_3125

Во рамките на меѓународниот проект со работен наслов „Компаративна анализа на енергетска ефикасност во училиштата Михајло Пупун-Скопје, Руѓер Бошковиќ-Винковци и Михајло Пупин-Нови Сад,  во периодот 23.04. до 29.04.2017 година во Винковци, Република Хрватска, во Техничката школа “Руѓер Бошковиќ“се реализираше последната негова фаза.

Имено по средбите одржани во Нови Сад и Скопје, учениците и професорите од трите училишта имаа можност да соработуваат и разменуваат сознанија на тема енергетска ефикасност во рамките на третата по ред заедничка работилница на која домаќин беше техничката школа „Руѓер Бошковиќ“ – Винковци, Република  Хрватска. Тимот на нашето училиште го сочиниваа двајца професори и четири ученици од III година – Милена Кукољ, Кире Петковски, Леонардо Куневски и Кристијан Гочев. За време на престојот беа реализирани пследниве активности:

- Поврзување, мерење и анализа на работата на  фотонапонска електрана;

- Присуство на презентација во ARDUINO работилница и практична работа во истата;

- Присуство на презентација за обновливи извори на енергија (OIE)  и дискусија околу примената во училиштето;

- Расправа за улогата, предностите и недостатоците на OIE (сместување на оваа енергија во дневниот дијаграм на оптоварување и креирање на возниот ред од погонот на електроенергетскиот систем;

- Присуство на презентација на индустриски робот со шест оски и алатки изработени на 3D принтер и нивна практична примена;

- Практична работа во работилница по роботика, со поставување на положби на индустрискиот робот;

- Презентација на метеоролошката станица изработена во самото училиште;

- Присуство на подготовките за инсталација на ветрогенератор;

- Присуство на „Денот на отворени врати“ на ТШ „Руѓер Бошковиќ“ ;

- Запознавање со културно-историското наследство на Хрватска преку посета на: Градски музеј „Ивко Шулентиќ“, Градски музеј „Дворец Елц“-Вуковар, „Илочки подруми“ – Илок;

   Проектот заврши со пригодно обраќање на директорот на Техничка школа „Руѓер Бошковиќ“, Мате Вукошиќ, искажувајќи голема благодарност за успешно реализираниот проект и желба за продолжување на соработката со ЕТШ „Михајло Пупин“-Нови Сад, Р Србија и СЕТУГС „Михајло Пупин“-Скопје, Р Македонија