XXXVI државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Република Македонија

На Државниот натпревар за ученици од електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта кој се одржа на 05.05.2017 година во СОУ „Ѓошо Викентиев “ – Кочани нашето училиште учествувше со пет ученици, (по еден од сите образовни профили и еден ученик со научен труд):
Од образовниот профил електроинсталатер и монтер се натпреваруваше Бобан Митровски од III–6 клас и го освои првото место под менторство на професорот: Ивица Шпољариќ.
Од образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации се натпреваруваше ученикот Виктор Стефаноски од III–1 клас под менторство на професорите: Софија Темкова, Татјана Маленко, Наташа Божиновска.
Од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика се натпреваруваше ученикот Кире Петковски од III–2 клас под менторство на професорите: Даниела Сандева, Билјана Пејовска, Татјана Маленко.
Од образовниот профил електротехничар – енергетичар се натпреваруваше ученикот Петре Стефанов од III–4 клас под менторство на професорите: Лидија Буровска, Суза Блажевска, Зоран Угуровски.
Со научен труд „Проектирање, дизајнирање и изработка на компјутерска игра во програмскиот пакет Visual Studio“ се натпреваруваше ученикот Никола Амбаров од IV–3 клас под менторство на професорoт: Даниела Сандева.