Денови на електротехниката 2018 година

IMG-530b8b8851139e31f6070a7150f5bc9c-V

     Во периодот од 21.05.2018 до 23.05.2018 година во просториите на нашето училиште се одржа седмата манифестација ,„Денови на електротехника 2018’’ со учество  на 27 основни училишта од Град Скопје и вкупно пријавени: 108 ученици и 26 наставници-ментори. Директорот Ефтим Пејовски и г-дин Бранко Алексовски ЦСОО (Центар за стручно образование и наука) имаа пригодно обраќање пред присутните ученици и нивните ментори и притоа ги посочија можностите и перспeктивите што ги нуди електротехничката струка, потребите на бизнис секторот од стручен и квалификуван кадар, а како успешен пример за соработка беше посочено неодамнешното потпишување на Меморандум со шест реномирани компаниии. Покрај веќе наградените ученици Филип Запров III-4 и Милена Кукољ IV-3 клас, на отвaрањето на манифестацијата г-дин Крсте Златков претставник од ИТ компнанијата SEAVUS додели уште еден ваучер на ученикот Иван Трајков од IV-3 клас којшто исто така беше меѓу најуспешните учесници на натпреварот: „Интервју за вработување“, организиран во просториите на SEAVUS, а потем г-дин Дамерер Харалд (член на управниот одбор на ЕВН Македонија) на минатогодишните победници (ООУ „Љубен Лапе“ општина Аеродром, ученици: Петар Илиев,  Матеј Поповски и Никола Талевски  наставник-ментор   Добрила Јовановска Ѓоргон) им додели пригодни награди со што беше означен стартот на седмите по ред „Денови на електротениката 2018“.

             По свеченото отворање учениците  има тест-натпревар по предметот Физика, на кој најдобар резултат постигнаа училиштата: OOУ „Јоаким Крчовски“ општина Ѓорче Петров со освоени 219 бодови, OOУ „Тихомир Милошевски“ општина Ѓорче Петров со освоени 217  бодови и OOУ „Ацо Шопов“ општина Бутел со освоени 213 бодови.

За менторите на учениците, проф. Миланчо Ивановодржа предавање на тема: „Лошите наставници предаваат, добрите наставници објаснуваат, одличните наставници демонстрираат, а најдобрите наставници инспирираат“.

Вториот ден за учесниците во манифестацијата беше организирана едукативна екскурзија со посета на ХЕЦ ,,Матка’’- Скопје, односно учениците имаа можност да го посетат музејот и подетално да се запознаат со историјатот на хидроцентралата.

Последниот ден најдобрите три екипи (рангирани според постигнатите резултати на тестот по физика) учествуваа на квиз-натпреварот со кој се одреди и новиот победник на манифестацијата:

Првото место со вкупно 80 бодови го освоија учениците од ООУ „Ацо Шопов“ општина Бутел

Второто место со вкупно 76 бодови го освоија учениците од OOУ „Тихомир Милошевски“ општина Ѓорче Петров

Третото место со вкупно 12 бодови го освоија учениците од OOУ „Јоаким Крчовски“ општина Ѓорче Петров.

       

           По прогласувањето на победникот беа  доделен сертификати за учениците и наставниците, дипломи за финалистите, а за сите учесници покровителот ЕВН Македонија обезбеди пригодни поклони.