Потпишан Меморандум за соработка со шест компании од бизнис секторот

11

    По минатогодишната успешна соработка со компанијата ЕВН Македонија и стартувањето на проектот „20-20-20“ и оваа учебна 2017/2018 година продолжува соработката со реномирани домашни и странски компании.

        Имено, на ден: 30.04.2018 година во просториите на нашето училиште во присуство на министерката за образование и наукa Рената Дескоска се потпиша Меморандум за соработка помеѓу нашето училште Михајло Пупин и компанииите: Ван Хол, Арцелор Митал, Цементарница Усје, Макстил, Раде Кончар и Виталиа. Со потпишување на Меморандумот 80 ученици кои ќе го одберат образовниот профил електричар, ќе имаат можност да учат по нова наставна програма која е моделирана и оформена според потребите на овие шест компании, а по завршувањето на средното образование за најуспешните 57 ученици со реализирани 1600 часа практична настава ќе им се овозможи  вработување во овие реномирани компании.

      По овој повод министерката за образование и наука Рената Дескоска истакна дека потпишувањето на овој Меморандум за соработка е многу важен чекор кон воведувањето на таканареченото дуално образование во Македонија, односно креирање на наставни планови и програми соодветни за пазарот на трудот и стекнување на вештини и знаења кои на учениците ќе им овозможат полесно и побрзо вработување по завршувањето на своето образование.

Наслови од електронски медиуми:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=2367qdEnEro

http://www.mtm.mk/makedonija/25781-rabota-za-57-srednoshkolci-od-setugs-mihajlo-pupin-vednash-po-maturiranjeto

https://telma.com.mk/obrazovanie-i-biznis/