Ученици на обука во средното училиште „Руѓер Бошковиќ“-Винковци, Р Хрватска

thumbnail (5)

    Во рамки на програмата за соработка помеѓу СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје и техничкото училиште „Руѓер Бошковиќ“ од Винковци, Република Хрватска – Мобилност за учење преку пракса, во периодот од 22 до 28.04.2018 година се реализираше обука со наслов: „Програмирање на индустриска роботска рака“ во Техничката школа „Руѓер Бошковиќ“.
На обуката учествуваа тимови од нашето училиште и од училиштето ЕТШ „Михајло Пупин“ од Нови Сад, Република Србија. Нашиот тим го сочинуваа 5 ученици од образовниот профил Компјутерска техника и автоматика: Ангела Наумовска, Александар Рајковчевски од III-2, Андреј Трајанов, Никола Индовски и Сергеј Јаковљев од III-3 клас, како и 2 професори-ментори Софија Темкова и Јелен С. Јосифовска. За време на престојот беа реализирани следниве активности:
- Програмирање на индустриска роботска рака со практична работа на учениците
- Поставување во функција на пневматски компоненти со практична работа на учениците
- Мерење на електричен напон од една фотонапонска ќелија со практична работа на учениците
- Практична работа со електронски компоненти
- Присуство на „Ден на отворени врати“ во училиштето Руѓер Бошковиќ
- Запознавање со културно-историското наследство на Хрватска преку посета на: Градски музеј „Дворец Елц“-Вуковар, „Илочки подруми“ – Илок.