Успешен настап на државниот натпревар за средни стручни училишта

Capture

     На ден: 04.05.2018 година во просториите на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, се одржа XXXVII – те Државен натпревар на учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Р. Македонија.

Андреј Трајанов ученик од III – 4 клас под менторство на наставникот Наташа Божиновска се претстави со трудот Роботска рака. Ученикот успешно го заврши својот настап на ова натпреварување освојувајќи го првото место. На ученикот му честитаме за постигнатиот успех.