Прво место за медиумски производ на конкурсот „Изрази се преку медиумите“

1

      На конкурсот „Изрази се преку медиумите“ кој го организираше Институтот за комуникациски студии на тема „Сакам да живеам во чиста околина“ учествуваше и нашето училиштe со краток филм. Филмот го изработи Берат Ахметај од II-5 клас, а текстот во видеото го чита Илија Ристов од истиот клас.

На 9 мај 2019 год., во ЕУ Инфоцентарот во Скопје беа доделени наградите за најдобар медиумски производ, наградите ги врачи Рејчел Галовеј, британската амбасадорка во Република Северна Македонија. Од вкупно 46 апликации од 24 училишта, првата награда ја освоија нашите ученици со видео со кое испратија порака во каква животна средина сакаат да живеат.

http://medium.edu.mk/berat-ahmetaj-od-setu-mihajlo-pupin-skopje
http://medium.edu.mk/srednoskolski-medium/izrazi-se-preku-mediumite/izrazi-se-preku-mediumite-2019?fbclid=IwAR0LWlvlDOHqobUiZ3jxmBdyAMhEW7reso2ebtEDGUTS3DQwbbukO5Pgwqc