Проект „Чиста Енергија за Чист Воздух“

1

Во рамки на проектот „Чиста енергија за чист воздух“, во организација на Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЗГ ЦеПроСАРД, поддржан од Владата на РСМ, на 14.05.2020 се одржа онлајн Завршен Настан преку ZOOM платформата, на кој присуствуваа ученици од втора и четврта година од нашето училиште.

Целта на проектот е Скопскиот Плански Регион да се развие на одржлив начин со примена на најдобрите практики за зачувување на животната средина со фокус на намалување на аерозагадувањето.

Во таа насока, во завршниот дел на настанот, нашите ученици Ана Индовска, Александар Јанев, Леона Стевановиќ, Давор Младеновски и Симеон Алексовски, под менторство на проф. Анита К. Мијовска, учествуваа со презентација за можностите и придобивките од искористување на сончевата енергија за добивање на „чиста“електрична енергија.