Денови на електротехника 2017

20170529_115200

       Шестата манифестација ,,Денови на електротехника 2017’’ се одржа во периодот: 29.05.2017-31.05.2017  со учество на 25 основни училишта од Град Скопје и вкупно пријавени: 102 ученици и 26 наставници-ментори.

На манифестацијата за првпат (2 ученици и 1 наставник ментор) ученици од ООУ„Кочо Рацин“ презентираа труд од областа на техничкото образование.

         По свеченото отворање и доделувањето на пригодни награди за минатогодишните победници од ООУ„Јан Амос Коменски“ општина Карпош, преку тест натпреварување  учениците  ги покажаа своите знаења по наставниот предмет Физика. Вториот ден беше организирана едукативна екскурзија со посета на ХЕЦ ,,Матка’’- Скопје, односно учениците го посетија  музејот и имаа можност подетално да се запознаат со историјатот на хидроцентралата, а воедно стекнаа и нови знаења од областа на енергетиката. Последниот ден од манифестацијата, најдобрите три екипи (рангирани според постигнатите резултати на тестот по физика) учествуваа на квиз-натпреварот со кој се одреди и новиот победник.

         Првото место со вкупно 279 бодови го освоија учениците од ООУ ,,Љубен Лапе’’ – општина Аеродром,  ученици учесници: Петар Илиев,  Матеј Поповски и Никола Талевски  под менторство на наставничката  Добрила Јовановска Ѓоргон

         Второто место со вкупно 262 бодови го освоија учениците од ООУ ,,Војдан Чернодрински’’ – општина Карпош,  ученици учесници: Екатерина ЦветковаИван Стерјовски и Иван Бејатовиќ  под менторство на наставничката  Танка Хаџи – Тоневска

         Третото место со вкупно 247 бодови го освоија учениците од ООУ ,,Димитар Миладинов’’ – општина Центар, ученици учесници: Јована ИвановаЕва Димитрова  и Стефан Јаќоски под менторство на наставничката Аида Петровска

        На самиот крај, покрај излагањето на покровителите и спонзорите на манифестацијата, свое обраќањето имаше и Директорот на Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, м-р Ефтим Пејовски кој се заблагодари на  учесниците, менторите како и спонзорите: ЕВН Македонија, АРЦЕЛОР МИТТАЛ, СИВУС и др., за нивниот придонес во организацијата и реализацијата на манифестацијата, а на учениците им посака успех на престојните уписи и вистински избор на средно училиште кое ќе им овозможи стекнување на квалитетни знаења и вештини. Свечено, манифестацијата заврши со доделување на сертификати за учениците и наставниците, дипломи за финалистите, а за сите учесници покровителот ЕВН Македонија обезбеди пригодни поклони.