Едукативна екскурзија за најуспешните ученици

20170606_144506

Традиционално и оваа учебна година за класот со најдобар успех од завршните години на ден 06.06.2017 година беше реализирана еднодневна екскурзија со посета на музејот „Никола Тесла“ – Београд, Р Србија.

Имено, на најдобриот клас на оваа екскурзија се придружија и ученици од останатите класови од четврта година кои имаат постигнато солидни резултати или се учесници во воннаставните активности на училиштето. Во музејот учениците имаа можност да се запознаат со позначајните моменти од животот како и со најзначајните откритија на големиот истрашувач и научник Никола Тесла.

          По постета на музејтот, беше организирана неколкучасовна прошетка при што учениците ги посетија најкарактеристичните културни и историски знаменитости на градот Белград.