Благодарници и награди за постигнати високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка

1

   Градоначалникот на Град Скопје, господинот Петре Шилегов им врачи благодарници и награди на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, Никола Индовски и Давид Тираноски за постигнатите високи резултати на регионалните натпревари од електротехничката струка, како и благодарници на нивните ментори кои ги подготвуваа – Ивица Шпољариќ и Софија Темкова.