Уште еден успех на учениците од СЕТУГС „Михајло Пупин“

1

   Во Владата на Република Македонија се одржа настан во организација на Фондот за технолошки развој и иновации посветен на прогласување на најуспешните 20 училишта од Предизвикот за млади истражувачи.   Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев им посака топло добредојде на присутните ученици, ментори, наставници и присутни гости и заедно со министрите за образование и здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, им доделија вредносни ваучери на најуспешните истражувачки проекти на 20 основни и средни училишта од цела Македонија.
Многу сме среќни што нашиот проектен тим во состав: дир. Ефтим Пејовски, проф. Анита К. Мијовска како лидери на тимот и учениците: Душан Милановиќ, Анастасија Спасовска, Филип Ѓошевски, Метин Ферати, Александар Спасовски, Стефан Серафимовски, Шабан Зекир, како членови на проектниот тим, успеа да биде еден од најуспешните тимови кои учествуваа на предизвикот за „Млади истражувачи“.