Електротехниката низ процесот на активната настава

20170829_181049

На ден: 29.08.2017 година во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии започна со реализација тродневна обука за нашите професори. Водени од идејата за креирање на современа настава која ќе овозможи стекнување на квалитетни знаења и вештини, од оваа учебна 2017 / 2018 година започнува со работа новата училишна Лабораторија по Електротехника.
Во оваа лабораторија учениците ќе имаат можност своите теоретски знаења и практично да ги применат. За остварување на оваа цел во престојниот период универзитетските професори Гавровски Цветан и Коколански Живко ќе одржат обука на тема: „Лабораториски практикум по електротехника“.