СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА !

На сите ученици им посакуваме

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА !

Во Средното електротехничко училиште на Град Скопје „МИХАЈЛО ПУПИН“ првиот училишен ден во новата 2013/14 учебна година започна со пригодна свеченост на која беа поздравени новозапишаните ученици и нивните родители. На учениците им беа претставени наставниците со кои ќе соработуваат во оваа учебна година.

По овој чин учениците со своите класни раководители заминаа на првиот класен час, а потоа продолжија со наставата според распоредот на часови.

Присутните родители на покана на Директорот на училиштето го одржаа првиот состанок со одговорните во училиштето.